Струмичка Мастика

Веќе 300 години во Струмичкиот регион се пие Струмичка Мастика. Горди сме што ја имаме одговорноста да ја чуваме традицијата на производството и тајната на рецептот. Мастиката е жесток пијалок уживан со векови. Се прави по рецепт кој датира уште од четвртиот век пред Новата Ера. Најдобрата Мастика се произведува во Струмичкиот регион, надалеку познат како производител на најквалитетни сорти грозје. Невообичаено за другите, Струмичката Мастика се прави од вински дестилат направен од избрани сорти.

Шмекот на Струмичката Мастика е добиен со уникатна арома на анасонот и баргемовиот мед, а секоја голтка е посебно задоволство. За нашиот квалитет сведочат бројните награди освоени во земјава и во светот, но наша најголема награда е вашето уживање во Струмичката Мастика. Како аперитив, Струмичката Мастика може да се конзумира со свеж зеленчук, млечни салати или свежо овошје. Може да се комбинира со сите природни сокови и сите видови минерални води.

Compliance:
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ
И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Квалитетот и безбедноста на производите не се само цел и основа за наше тековно работење, туку наш развој и напредок;
Водечки принципи во нашето видување се:
Производство на квалитетни безбедни и препознатливи алкохолни и безалкохолни пијалоци и
постојано подобрување и преиспитување на системот за квалитет и безбедност согласно барањата ISO 22000:2005;

  • Исполнување на барањата и надминување на очекувањата на купувачите преку професионална
    и навремена испорака со најмалку трошоци;
  • Одржување на партнерски односи на нашите добавувачи;
  • Извршување на договорените активности со максимално ангажирање, ефикасност и примена на највисоките стандарди за хигиена;
  • Придонес кон државата и општеството со грижа на животната средина и зачувување на природните
    ресурси, како и зголемување на еколошката свест кај вработените;
  • Грижа за здравјето и безбедноста на вработените;
  • Континуирана обука и едукација на вработените како основна потпора на системот за квалитет и безбедност;
  • Обезбедување на конкурентска предност на меѓународниот пазар;
  • Следење на светските барања на пазарот при воведување на нови производи;
  • Зголемување на контролата на безбедноста на готовите производи во текот на производниот процес.

МОТО: Со традиција кон иднината.


АД ГРОЗД Струмица се обврзува да сите аспекти на своето работење ги извршува на безбеден и одговорен начин кој ја штити животната средина како и заедницата каде работи.

Во согласност со оваа обврска ние поставуваме и следиме:

  • Амбициозни цели за да го спречиме штетното влијание на животната средина;
  • Проактивно управување со ризиците на животната средина за да обезбедиме усогласеност со важечките законски и други барања;
  • Работиме ефикасно така да ги интегрираме сите аспекти на животната средина во процесите, планирањето и одлучувањето;
  • Флексибилни сме заради постојано подобрување на остварениот допринос на животната средина;
  • Отворено ги информираме сите заинтеренсирани страни, вклучувајќи ги и купувачите и корисниците на крајните производи за нашите цели;
  • Работиме тимски за да ги промовираме позитивните вредности во рамките на кои секој вработен ја прифаќа личната одговорност за заштита на животна средина.

 

Својата амбиција за заштита на животната средина ја реализираме преку ефикасен систем на контрола на отпадните води, емисија на прашина, бучава и отпадни гасови.