Со традиција кон иднината

За Грозд

АД Грозд Струмица е формиран на 18.03.1953 година со одлука на Околинскиот народен одбор како претпријатие за производство и трговија на алкохолни и безалкохолни пијалоци. Постои скоро 70 години и ја продолжува традицијата на печење Струмичка Мастика позната повеќе од 300 години.

Грозд Струмица е организиран како акционерско друштво во приватна сопственост со основно дејство производство и промет на алкохолни и безалкохолни пијалоци со висок квалитет и богата традиција. ВИЗИЈА на АД ГРОЗД СТРУМИЦА е постојано подобрување на позициите на домашниот и странскиот пазар и стекнување епитет на организација - производител на најквалитетни газирани безалкохолни пијалоци и производител на надалеку прочуената Струмичка Мастика.

ПРОИЗВОДСТВО

Целокупното производство на АД Грозд Струмица се врши во строго контролирани услови согласно правилата на имплементираните системи за управување со квалитет и здрава животна средина. Тоа подразбира беспрекорна хигиена, лабораториски анализи согласно прописи кои се прават во нашата лабораторија и повремено анализи од акредитирани лаборатории.

Имено, производството се одвива во 2 погони каде се произведуваат безалкохолните пијалоци во стаклена и PET амбалажа, како и погон за печење и полнење на Струмичката Мастика. Во 2016 год , АД Грозд инвестираше во нова “state to art” фабрика изградена по светски стандарди и врвна технологија за производство на безалкохолни пијалоци.

СЕДИШТЕ

АД Грозд е лоциран во најубавиот дел на град Струмица, обиколен од градскиот парк.