Винарија

Винаријата на ГРОЗД, АД Струмичко поле е автентично македонска и го одразува соединувањето на минатото, сегашноста и иднината, традициите и модерниот пристап.

Локацијата, конструкцијата и содржините на винаријата претставуваат комбинација која од функционален и естетски аспект остава голем впечаток. При планирањето развој се внимава на зачувување на традиционалните вредности и нивно прилагодување кон потребите на современиот вински пазар.

Надворешниот стил на објектите ја рефлектира сликата за производот. Ѕидовите-просторот на ѕидовите е искористен на суптилен начин поврзан со историјата на лозовите насади и наследството.

Винаријата на Грозд, АД Струмичко поле, има долгогодишно искуство и традиција подолга од 50 години во производство на вино. Располага со инфраструктура, модерни технологии, опрема и човечки ресурси за успешно производство.

Грозјето на АД Струмичко поле е обезбедено од сопствените 700 хектари лозови насади во Струмичко-Радовишко виногорје, кое се наоѓа во најјугоисточниот дел на Р.Македонија. Ова подрачје е под влијание на медитеранска клима која во повисоките делови преминува во умерено-континентална, а долгиот процес на зреење во овие климатски услови ги концентрира шеќерот и киселините на грозјето, осигурувајќи богати бои и ароми во нашите вина. Комплексноста на нашите вина е препознатлива и уникатна.

100 m3
100 m3
100 ha
0