Нашите барања за квалитетот на нашите вина се високи. Задоволни сме и благодарни за многуте национални и меѓународни награди кои ги потврдуваат нашите стандарди за квалитет и патот што го избравме. AWC Виена, BeoWine, Decanter …..и многу други добро познати награди - со нетрпение го очекуваме секое ново признание за нашите напори и гледаме на тоа како потврда и мандат да продолжиме да создаваме исклучителни вина за нашите потрошувачи.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |
Грозд Мерло е раскошно суво вино со импресивен темперамент. Се одликува со полна рубин црвена боја со виолетови нијански, комплексен интензивен мирис и атрактивна арома. Има полно тело и рафиниран суптилен вкус дополнет со свежи киселини и пријатни танини кој подолго време останува во устата.
Оптимална температура за служење е 16-18С за полно изразување на најдобрите карактеристики на ова вино.
Грозд Шардоне е елегантно суво бело вино со истакнат уникален карактер. Се одликува со златно- жолта боја, развиен пријатен мирис и убава постојаност и комплекстност на аромата. Има привлечен, дискретен и префинет вкус со убава структура, полно тело дополнето со долготраен елегантен завршеток.
Оптимална температура за служење е 10-12С на која сите сортни карактеристики најубаво се истакнуваат со полна изразеност на квалитетот.
Грозд Вранец е квалитетно суво црвено вино од Струмичко-Радовишко виногорје добиено од истоимената винска сорта грозје, типично за Македонија.Се карактеризира со интензивно црвена рубинова боја, дискретен но чист и препознатлив вински мирис. Има вкус со класична структура и пријатни киселини, умерено полно тело и делува прилично питко.
Температура на служење:16-18С
Квалитетно полусуво црвено вино од Струмичко-Радовишко виногорје добиено од истоимената винска сорта грозје, водечка црвена сорта во Македонија.Ова моќно и темпераментно вино се одликува со јака црвена боја, богат екстракт, комплексно буќе со задржана арома на грозјето. Има сладникав последователен вкус со прекрасна структура што доловува перфектен хармоничен финиш.
Температура на служење:16-18С
Трпезно полуслатко црвено вино од Струмичко-Радовишко виногорје, произведено од сортата грозје Хамбург Мускат. Ова модерно вино се карактеризира со јасна црвена боја, препознатлива мускатност, карактеристична арома ис ладок вкус.
Температура на служење:14-16С
Квалитетно суво црвено вино од Струмичко-Радовишко виногорје добиено од истоимената сорта грозје Каберне Совињон.Ова вино се одликува со интензивна црвена боја, хармоничен вкус и мирис со изразено буќе.
Температура на служење:16-18С
Таис е трпезно слатко црвено вино од Струмичко-Радовишко виногорје, произведено од сортата грозје Хамбург Мускат.Се одликува со јасна црвена боја, интензивна и квалитетна мускатност од мирисот на грозјето од кое води потекло, хармоничност и компактност.Ова модерно вино ќе ве изненади со својата долготрајно присутна карактеристична арома и сладок вкус.
Темепература на служење:14-16 С.
Грозд Смедеревка е суво бело вино од Струмичко-Радовишко виногорје добиено од истоимената винска сорта грозје, која со векови е присутна на ова поднебје. Се карактеризира со светло жолтеникава боја, вински мирис и хармоничен и свеж вкус што го прави ова вино питко и нежно.
Температура на служење:10-12С