Нашата работа е инспирирана од полувековната традиција за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци, стремејќи се кон постигнување на крајната цел: производи со висок квалитет кои ги исполнуваат барањата на сите наши потрошувачи.

 

Струмка - синоним за уникатност во освежување.  Наш водечки бренд во палетата на безалкохолни газирани пијалоци, заземајќи сигурно место во маркетите во Македонија и соседните држави, а доста популарен и со забележителен раст на продажба и низ европските држави. Во склоп на нашата компанија е и нашата винарија, со сопствени лозови насади од околу 700 хектари на прекрасен тероар, каде се одгледуваат скоро сите модерни светски познати и автохтони сорти на грозје, резултирајќи во високо квалитетни и трпезни вина.

 

Струмичката мастика е традиционален македонски пијалак - бренд со кој се гордееме повеќе од 300 години. Струмичката мастика е оригинален пијалак од ова поднебје, ценета и позната во светот, за што сведочат бројните награди и признанија на саеми и меѓународни дегустации.

 

 

 

Срдечно,

ГРОЗД - Струмица

 

 

 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

 

Квалитетот и безбедноста на производите не се само цел и основа за наше тековно работење, туку наш развој и напредок;

 

Водечки принципи во нашето видување се:

 

Производство на квалитетни безбедни и препознатливи алкохолни и безалкохолни пијалоци и постојано подобрување и преиспитување на системот за квалитет и безбедност согласно барањата ISO 22000:2005;

 

• Исполнување на барањата и надминување на очекувањата на купувачите преку професионална и навремена испорака со најмалку трошоци;
• Одржување на партнерски односи на нашите добавувачи;
• Извршување на договорените активности со максимално ангажирање, ефикасност и примена на највисоките стандарди за хигиена;
• Придонес кон државата и општеството со грижа на животната средина и зачувување на природните ресурси, како и зголемување на еколошката свест кај вработените;
• Грижа за здравјето и безбедноста на вработените;
• Континуирана обука и едукација на вработените како основна потпора на системот за квалитет и безбедност;
• Обезбедување на конкурентска предност на меѓународниот пазар;
• Следење на светските барања на пазарот при воведување на нови производи;
• Зголемување на контролата на безбедноста на готовите производи во текот на производниот процес.

 

МОТО: Со традиција кон иднината.

 

АД ГРОЗД Струмица се обврзува да сите аспекти на своето работење ги извршува на безбеден и одговорен начин кој ја штити животната средина како и заедницата каде работи.

 

Во согласност со оваа обврска ние поставуваме и следиме:

 

• Амбициозни цели за да го спречиме штетното влијание на животната средина;
• Проактивно управување со ризиците на животната средина за да обезбедиме усогласеност со важечките законски и други барања;
• Работиме ефикасно така да ги интегрираме сите аспекти на животната средина во процесите, планирањето и одлучувањето;
• Флексибилни сме заради постојано подобрување на остварениот допринос на животната средина;
• Отворено ги информираме сите заинтеренсирани страни, вклучувајќи ги и купувачите и корисниците на крајните производи за нашите цели;
• Работиме тимски за да ги промовираме позитивните вредности во рамките на кои секој вработен ја прифаќа личната одговорност за заштита на животна средина.

 

Извршен Директор
Васе Митев

 

Дома

Мапа на сајтот

А.Пијалоци

 

Каталог

Винарија

 

Каталог

За Нас

Следете не

Контакт

00389 34 344 249

00389 34 340 110

info@grozd.mk

КОНТАКТ

Б.Пијалоци

 

Каталог

Контакт

За повеќе информации кликнете овде